Инструмент за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „Старт-ап“ и „Спин-оф“
Ве покануваме да учествувате на информативниот настан на Фондот за иновации и технолошки развој, што ќе се одржи на 30.09.2015 година во амфитеатарот ЛХ2, во кампусот на ЈИЕ во Тетово со почеток во 10:00 часот. На овој настан ќе биде претставена можноста за финансирање преку инструментот Кофинансирани грантови за стар-ап, спин оф претпријатија и иновации.
Јавниот повик за инструментот е објавен на 18.09.2015 година, а периодот за поднесување предлог-проекти е до 21.10.2015 година.
Со цел за подетално информирање во врска со процедурите за аплицирање и содржината на апликацискиот пакет, претставниците на Фондот ќе одржат презентации низ повеќе градови во Република Македонија.
Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани да го погледнат Јавниот повик на веб страницата на Фондот http://www.fitr.mk/portfolio-item/co-financing-grants-for-start-up-spin-off-companies-and-innovations и да земат активно учество на информативните настани.
Ве очекуваме!