Едноставно кажано, вреднувањето на бизниси е процес од цел еден сет на процедури кои имаат за цел да ја одредат крајната вредност на бизнисот. Иако ова звучи едноставно, за правилно вреднување на одреден бизнис е потребна е добра поготовка, обука и соодветни вештини.
Мноштвото сопственици на бизиси не ја знаат вистинската вредност на нивните компании, па често пати знаат да додаваат сентиментални, претерано неопипливи и нерелеистични пазарни вредности. Но тоа не ја изразува вистинската вредност на нивната компанија.
Постојат три главни причини зошто спроведувањето на вреднување е важно:
• Купување или продажба на бизнисот
• Собирање на сопственички капитал
• Креирање на интерен пазар на акции
• Мотивирање на менаџментот и донесување на стратегиски одлуки
Доколку вашиот бизнис е во почетна или т.н. експанивна фаза, постапката на вреднување на компанијата во првите пет години, и подоцна на секои 2-3 години, на сопствениците може да им даде пореални очекувања за вредноста на нивниот потфат. Исто така, ќе им даде можност да креираат практична временска рамка за евентуалната продажба на бизнисот или да разгледаат други – излезни опции за истиот. Воедно, сопствениците ќе бидат добро информирани за моменталниот статус на компанијата, и на можностите за продажба на сопственоста, купување на дополнителен удел, влегување во партнерства или потенцијално инвестирање во некое друго деловно поле.
Имањето на издржан и професионален извештај за вредноста на вашиот бизнис му олеснува на менаџментот во донесувањето на стратешки одлуки во доменот на буџетските трошоци, профитабилноста, како и на вкупните кратења на одредени ставки. Исто така, имањето на конкретна бројка значи и колку се вреднувате себе си како претприемач. Дали работите на бизнис што има за цел само правање пари и не може да биде префрлен на никој друг, или пак сте подготвеени да превземете мали измени за на крајот да можете да го продадете бизнисот за многу пари и да се пензионирате предвреме?
Кој и да е вашиот мотив, време е искрено да си го поставите себе си единственото важно прашање релевантно за секој економски субјект: Колкава е економската вредност на вашата компанија, колку вреди во пари?
Подготвени сте да почнете? Слободно контактирајте не во SEEUTechPark за да отпочнеме дијалог.