Центарот за кариера при УЈИЕ е поврзан мост меѓу студентите на нашиот универзитет и компаниите во земјата. Ние работиме со две групи на студенти: сегашните и дипломираните студенти од нашиот универзитет.На студентите од УЈИЕ им помагаме во креирањето на нивната кариера при наоѓање на нивната работа во некои од државните или приватните институции во зависност од нивното школување и способностите кои што тие ги имаат. На сегашните студенти им помагаме при завршување на практичната настава (Internship).  Исто така ние го менаџираме барањето на компаниите за практиканти и интересот на студентите за завршување на практична настава.  

Мисија

Мисијата на Центарот за кариера при УЈИЕ е да ги обучи и да им помогне на студентите при преминот од академскиот живот до професионално вработување.

Што правиме ние?

  •  Им помагаме на студентите да ги планираат, идентификуваат и  имплементираат нивните цели на кариерата.
  • Обезбедуваме информации за можностите за вработување и извршување на практична настава.
  • Одржуваме настани кои им овозможуваат на студентите да создадат  контакти и  интервјуа со работодавците.
  • Поттикнуваме и задржуваме континуирани партнерства со академските оддели за да им овозможиме квалитетни услуги помеѓу Центарот за кариера при УЈИЕ, академската заедница и работодавците во и надвор од границите на Република Македонија.