Обука за поддршка при вработувањето на младите
Министерството за економија во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа и деловниот сектор во тек на периодот од 27 до 30 мај 2013 год. во просториите на Центарот на УЈИЕ во Скопје ќе го реализира проектот „Обука за поддршка при вработување на младите“.
Преку овој проект , младите на возраст од 18-28 години ќе имаат можност да се здобијат со теоретско и практично знаење и невербални, вербални и писмени комуникациски вештини, вештини за лесно вклучување во новата работна средина , квалитетна подготовка на биографија, однесување при интервју за вработување , здобивање менаџерски вештини и вовед во содржините и техниките за дизајнирање бизнис план. Предавачи од Универзитетот на Југоисточна Европа ќе бидат доц. д-р Веланд Рамадани и доц. д-р Гадаф Реџепи, додека претставници од деловниот сектор ќе бидат г. Мухарем Муртезани сопственик на компанијата Алма-М и г. Џемаил Даути, сопственик на компанијата Даути –Комерц ,кои се исто така важни стејкхолдери на нашиов Универзитет.