Поддршка за претприемачи преку EPIC проектот
Со задоволство ја објавуваме нашата вклученост во EPIC проектот, иницијатива финансирана од Европската Унија, наменета за поддршка на стартапи, претприемачи и иноватори преку структуиран ни меѓународни размени, менторство и програми за развој на бизнисот.
Конзорциумот EPIC се надоврзува на успехот на претходните иницијативи, со посебен фокус на одржливо, дигитално и женско претприемништво. Целта на проектот е да поттикне прекугранична соработка, да овозможи раст на бизнисите и пристап до меѓународни пазари.
Преку нашето учество во EPIC, ние имаме за цел:
• Да промовираме меѓународни размени кои нудат практично искуство во странство.
• Да обезбедиме менторство и обуки од искусни бизнис-лидери во Европа.
• Да овозможиме вмрежување помеѓу стартапи, ментори и инвеститори.
• Да поддржиме одржливи и дигитални деловни модели.
• Да охрабриме инклузивно претприемништво, особено кај жени и недоволно застапени групи.
Нов јавен повик за апликации ќе биде објавен наскоро.
Ги покануваме сите заинтересирани претприемачи и основачи на стартапи да ја искористат оваа можност за интернационален раст и развој.
За повеќе информации, контактирајте нè на: techpark@seeu.edu.mk или bic@seeu.edu.mk