14 ноември 2017

2017 ГОДИШЕН СОСТАНОК НА ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ

На 14ти Ноември 2017, во просториите на SEEUTechPark се оддржа 3-от состанок на Основачкото Собрание.

Состанокот беше искористен за презентирање на Годишниот Извештај за 2017 година од страна на менаџментот на SEEUTechPark, како и информирање на членовите на Собранието за релевантните настани, активности, постигнати цели и финансики остварувања на оперативните активности кои беа превземени до сега. Покрај ова, состанокот беше одлична можност за дискутирање на идните планови за претстојната 2018 година, како и анализа на среднорочните цели на институцијата.

Претседателот на Основачкиот Одбор Д-р. Вероника Карева, Потпретседателот Д-р. Денис Фарингтон, Ректорот на УЈИЕ, Проф. Д-р. Замир Дика, Секретарот на УЈИЕ г-дин Џеваир Мемеди, Проф.Бесник Фетаи Проректор за развој и претприемништво и Директорот за Правни Работи г-дин Бесник Џеладини во поединечни излагања имаја можност да ги претстават сопствените согледувања на оперативните прашања, како и да дадат корисни совети и насоки за идните пристапи кон следните активности на Технолошкиот Парк.

SEEUTechPark доби одлични оценки за овогодинешните постигнати резултати од страна на Основачкото Собрание.