Работилница за трансфер на технологии во Подгорица
Од 4ти до 7ми Јуни 2018 претставници на Бизнис и Иновацискиот Центар активно учествуваа на работилницата за развој на капацитетите на организациите за трансфер на технологии во земјите од Западен Балкан, која се оддржа во Подгорица – Црна Гора.
Проектот EU4Tech има за цел да го поддржи и зајакне трансферот на технологии и иновацискиот екосистем во земјите од Западен Балкан: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Тој ги опфаќа сипе клучни чинители кои работаат на полињата на трансфер на технологии и иновациски еко-систем, вклучувајќи ги тука академските институции, инвеститорите во рани фази, научно-технолошките паркови, спин-оф компаниите, како и креаторите на политики.
Како краен исход на проектот се очекува донесување на конкретни планови и практични иницијативи кои би го поддржале процесот на трансфер на технологии и комерцијализација на истражувањата во овие земји. Клучните чинители ќе можат да го изразат економскиот потенцијал кој доаѓа од истражувањата кои се работаат на универзитетите и истражувачките центри, да ја претворат научно-истражувачката работа во комерцијални производи и услуги, и преку креирање на нови компании и отворање на нови работни места, да го зголемат економскиот развој во нивните средини.
Проектот EU4Tech е финансиран од Европската Унија.