BIC стана еден од основачите на IdeaGist: Најголемата платформа за дигитална инкубација во светот
На 18-ти Jуни 2018 година „Центарот за бизнис и иновации – БИЦ“ стана една од 14-те светски организации ко-основачи на IdeaGist - најголема платформа за дигитална инкубација во светот
IdeaGist е најголемата платформа за дигитална инкубација во светот, поврзувајќи ги луѓето од 195 земји-признати во ООН, поврзувајќи повеќе од 2.900 стартап идеи, и нудат пристап до повеќе од 1.400 ментори. IdeaGist претставува дигитална адаптација на традиционалните бизнис инкубатори, развиена за да се задоволи глобалната побарувачка за онлајн пристап до развој на услуги за стартапите, како и да се подобри ефективноста и да се пополнат празнините во капацитетите на инкубаторите преку обезбедување на поефтини услуги кон корисниците.
Иницијативата за иновативни технолошки акцелератори се фокусира на градење на капацитетите во 7-те клучни нови технологии: Вештачка интелигенција (AI), 3D-печатење, Блокчеин, Интернет на нештата (IoT), Зголемена реалност (Augmented Reality), Интелегентни возила и Паметни роботи.
Според иницијативата, IdeaGist ќе обезбеди платформа за трансфер на знаење помеѓу основачките организации, овозможувајќи им размена на таленти, технологии и обуки за соработка. Агенциите за економски развој, образовните институции, научно-технолошките паркови, акцелераторите, инкубаторите и други организации кои се приклучуваат на иницијативата ќе имаат ексклузивен пристап до глобалните портали за трансфер на знаење за секоја технологија претставена во програмата.