Продолжена соработка помеѓу БИЦ и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
Во петок, 15.2.2019 година, претставници на „Бизнис Иноватвниот Центар – БИЦ“ беа во возвратна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Двете институции веќе имаат воспоставено согласност за меѓусебна соработка и меѓусебн помагање на одредени активности во доменот на иновации и комерцијализација на истражувања. Темата на средбата беше насочена кон пренесување на искуства во воспоставувањето и функционирањето на делот од Универзитетот кој се занимава со заштита на интелектуалната сопственост и комерцијализирање на резултатите од истражувањето на истражувачите.
Беа пренесени драгоцени мислења и ставови за воспоставување на Центарот за трансфер на технологија при УГД, одделение за чие формирање Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип вложува големи напори.
Се разговараше и за интензивирање на соработката во домен на техничките дисциплини, во насока на заедничка поддршка при аплицирање на проекти од домашни и надворешни донатори.