3 мај 2019

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА СТАРТ-АП БИЗНИСИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 16-ти Април 2019 година во Скопје беше потпишан тријатерален Меморандум за долгорочна деловно-техничка соработка помеѓу едни од најактивните подржувачи на претприемништвото и стартап бизнисите во земјава: Фондацијата CEED Hub, Центарот за бизнис и иновации (БИЦ) и Вектор Капитал Инвестментс.

Трите организации се обврзаа својата досегашна индивидуална помош и поддршка со која го помагаа македонскиот старт-ап ексостем да ја преточат во зедничка долгорочна соработка во доменот на претприемнштвото иновациите, подршка на старт-ап бизнисите, деловните вештини, како и самото финансиско помагање на стартапите низ целата територија на С. Македонија.

Иницијативата за меѓусебна координација и соработка се фокусира на градење на капацитетите во неколкуте клучни полиња на делување, со цел да им се помогне на сегашните и идните претприемачи подобро и поефикасно да ги користат сите расположливи средства на организациите-потписнички во постигнување побрз и одржлив раст на нивните бизниси.