Меѓународна конференција: Улогата на научно-технолошките паркови на Западниот Балкан
Овој октомври, SEEUTechPark активно учествуваше на меѓународната конференција организирана од страна на Европската комисија и Заедничкиот центар за истражување (JRC) , на темите за изготвување на стратегијата на т.н. „Смарт Специјализација“ на Србија (4S), заедно со можностите и предизвиците за секторска специјализација на научно-технолошките паркови (НТП), акцелераторите и инкубаторите во поширокиот регион на Југоисточна Европа.
Дводневниот настан беше ко-организиран заедно со „EU4TECH“ - проект финансиран од DG NEAR и српското Министерство за образование, наука и технолошки развој. Оваа конференција се одржа на 15 и 16 октомври во просториите на Научно – Технолошкиот Парк во Белград.
Првиот ден темите се фокусираа на стратегијата за паметна специјализација и нејзините приоритетни домени како што се: информатичките и комуникациските технологии, креативните индустрии, како и на концептите на храна за иднината. Вториот ден, учесниците разговараа за улогата на Научно-технолошките паркови и инкубаторите во регионот на Југоисточна Европа, како и за тоа како тие можат да играат важна улога во поддршката на новите приоритети за специјална специјализација.