SEEUTECHPARK УЧЕСТВУВАШЕ НА СТАРТАП КОНФЕРЕНЦИЈАТА – #MKStartupsSummit 2021
Под мотото „Заеднички влијаеме“, во рамките на првиот Национален Стартап Самит, над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата на Република С. Македонија, ги дефинираа следните чекори кои треба да се превземат за државата да се позиционира како регионален стартап хаб.
Ѓорѓи Рафајловски од SEEUTechPark учествуваше во рамките на првата панел дискусија „Македонскиот стартап еко систем: Каде сме и каде сакаме да бидеме? 2016-2026”. Тој го презентираше искуството на Технолошкиот Парк во развојот на нивните стартапи и заклучи дека на стартап компаниите во државата им е потребна поголема поддршка и насока од другите чинители во македонската економија, со цел да развијат подобри стратегии за пробивање на локалниот и глобалниот пазар.
Првиот национален Стартап Самит се одржа во организација на Стартап Македонија, Бизнис Импакт Лаб, Фондот за иновации и технолошки развој – ФИТР и Швајцарската претприемачка програма -Swiss EP.