6 ноември 2023

УЈИЕ и научниот парк „Ареа“ потпишаа Меморандум за стратегиско партнерство

Со задоволство го објавуваме официјалното потпишување на Меморандум за разбирање (MoU) помеѓу УЈИЕ и Научниот парк „Ареа“ (Италија)

Ваквото стратегиско партнерство е доказ за нашата посветеност на извонредност и соработката кон светот на образованието и бизнисот.

Ова партнерство ќе се фокусира на иновации и трансфер на технологија поделени во три области: 1) Научно-технолошки парк - како одржлив и „зелен“ модел на соработка за бизнис истражувањата кој поддржува, меѓу другото, и создавање иновативни старт-апи и заеднички лаборатории; 2) Истражување на технолошки иновации - што подразбира создавање и употреба на технолошки платформи според логиката на дистрибуираната инфраструктура, со посебен осврт на секторите на иновативни материјали, био-информатика, геномика и епигеномика, наука за податоци и вештачка интелигенција; и 3) Подобрување на истражувањето и поддршката на претприемничкиот екосистем - преку развој на модели за отворени иновации и зајакнување на европските димензии на институциите, особено во однос на иновациите, трансферот на технологија, и креирањето на бизнис можности во секторите на обостран интерес.

Нашата заедничка посветеност за извонредност, иновации и соработка ќе го отвори патот за трансформативни иницијативи, размена на знаење и заеднички раст. Заедно, подготвени сме да направиме значително влијание врз бизнисот, истражувањето и иновативноста.

Оваа активност беше поддржана од проектот EU4EG - кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Северна Македонија и Германското федерално Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK). Проектот е имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GmbH (GIZ) во партнерство со Area Science Park (ASP) од Трст, Италија и поддржан од германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK) како и Централноевропската иницијатива (CEI) како соработници.