SEEUTechPark ги зајакнува дигиталните иновации преку DigitMak
SEEUTechPark, преку Business and Innovation Center (BIC), е дел од DigitMak – Европскиот центар за дигитални иновации (EDIH) во Северна Македонија, придонесувајќи кон развојот на посилен екосистем за дигитални иновации и поддржувајќи ја дигиталната трансформација на компаниите и организациите од јавниот сектор.
Иницијативата се надоврзува на претходниот Seal of Excellence, во чии рамки конзорциумот ги постави основите за соработка и развој на услуги за дигитални иновации. Преку DigitMak, оваа соработка продолжува, при што SEEUTechPark функционира како Иновациски Хаб во Тетово, доближувајќи ги услугите за дигитализација, експертизата и поддршката до компаниите и организациите во Полошкиот регион и пошироко.
DigitMak обединува осум партнери: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Business and Innovation Center – SEEUTechPark (BIC), МАСИТ, Стопанска комора на Северна Македонија, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (NCDIEL), Фондација за менаџмент и индустриско истражување (MIR) и Startup Macedonia.
Преку хабовите во Скопје и Тетово, DigitMak ги поддржува малите и средни претпријатија, стартапите, mid-cap компаниите и организациите од јавниот сектор во нивната дигитална трансформација и примената на вештачката интелигенција и напредните дигитални технологии.
Преку иницијативата, корисниците имаат пристап до услуги кои вклучуваат проценка на дигиталната зрелост, „тестирај пред да инвестираш“, обуки и развој на вештини, поддршка за пристап до инвестиции, експертиза во областа на вештачката интелигенција и вмрежување со локални и европски иновациски екосистеми.
Како DigitMak Иновациски Хаб во Тетово, SEEUTechPark ќе продолжи да ја зајакнува поддршката за компаниите и организациите преку обезбедување пристап до знаење, експертиза и можности кои придонесуваат кон иновации, конкурентност и одржлива дигитална трансформација.



