28 февруари 2014

Wednesday TALK! #2

На 26 февруари,2014 се одржа втората панел дискусија организирана од SEEUTechPark. На вториот Wednesday TALK! се дискутираше на тема како една бизнис идеја да се трансформира во профитабилен бизнис, како во текот на работењето да се превземаат иновации кои се неопходни за успехот на една компанија и како да се воведат отворени иновации.

Денес постојат голем број на млади претприемачи кои со помош на нивните знаења, способности како и мотивација која е најбитна во остварувањето на една бизнис идеја, успеваат да станат сопственици на профитабилни бизниси.Но, сепак нивниот успех не се должи само на постојано монотоно работење, туку голема улога играат иновациите кои се се поголеми и побрзи во ова глобално време. Во конкурентна средина во која живееме, кога производите имаат слични перформанси, квалитет и функционалност, иновациите односно иновативните методи стануваат се позначајни.


Иновацијата претставува процес на претварање на нова, оргинална идеја или изум во добро или услуга која создава вредност и која задоволува некоја нова потреба на клиентите.


Исто така со воведувањето на отворените иновации бизнисите имаат големи придобивки како што се нови знаења и технологии од окружувањето, намалување на трошоците, нови идеи, нови партнерства како и пристап до нови пазари. Отворените иновации претставуваат акција на компаниите да превземаат поголема употреба на надворешни идеи и технологии во сопствениот бизнис, а од друга страна да овозможуваат своите неискористени идеи да се користат од страна на други компании на меѓународен пазар.