Едногодишнина од SEEUTechPark
На 15 Мај, 2014 година, на свечената церемонија, SEEUTechPark ја прослави неговата прва годишнина, во присуство на бројни гости: Директорката на Фондот за Иновации и Развој на Технологијата, Јасмина Поповска; Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Мендерес Кучи; претставници на институции, компании, професори и дипломатски кор.
"Можеби една година е премногу краток период за да се оцени ефикасноста на Технолошкиот Парк, но тоа е доволно време за да се одрази во работата. Мислам дека овој парк успеа да исполни некои од главните цели . Веќе тоа е место кое ги обединува студентите , академијата и бизнисот ", рече ректорот на ЈИЕУ , Проф. Д-р Замир Дика, во поздравниот говор.
Директорот на Технолошкиот Парк Д-р Азир Алиу, ги презентираше главните активности и идните цели. " ЈИЕУ Технолошкиот Парк денес одбележува една година како институција, но како идеја е многу постара од тоа, поточно, таа постои од 2010год. Во Технолошкиот Парк , во моментов се наоѓаат три компании, кои имаат вкупно 30 вработени , а досега се одржани 30 обуки и 8 панел-дискусии. ", изјави Д-р Азир Алиу.
Директорката на Фондот за Иновации и Развој на Технологијата, Јасмина Поповска , им честиташе за управувањето со нивната работа и ја истакна важноста на меѓусебната соработка. "Се надеваме дека нашата соработка ќе биде зајакната во иднина со цел да им помогнеме на младите генерации да не ја напуштаат земјата, туку да ја гледаат перспективата тука ", рече г-ѓа Поповска.
Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ( ECNWM ), Мендерес Кучи , изјави дека е задоволен од досега сработеното со овој парк.
"Работата на Технолошкиот парк и оваа свеченост денес докаже дека науката конечно почна да зборува со јазикот на бизнисот ", рече Кучи.