Прва станица за полнење на електрични возила во Македонија
На 20 септември, 2014, во ЈИЕУ кампусот во Скопје, во свечена церемонија сe отвори првата cтаница за полнење на електрични возила во Македонија, во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Нурхан Изаири, претседател на EMKICE, г-дин Илија Вучков, сопственик на Тесла модел С и претприемач, г-дин Саша Cvetojevic и директорот на SEEUTechPark, д-р Азир Алиу.
"Технолошкиот парк е местото каде се создадени услови за поблиски и трајни врски помеѓу академските институции и индустријата со цел претворање на знаењата и експертизите во акции, производство и инвестиции.
Денеска cо задоволство ја најавувам отварањето на првата станицa за полнење на електрични возила во нашата земја и тоа во центарот на Скопје, пред зградата на УЈИЕ.” рече во обраќањето директорот на Технолошкиот Парк г-дин Алиу.
„Дозволете ми да ја поздравам иницијативата за отворање на првата станица за полнење на електрични возила и маркирање на зелената патека низ Балканот, која ќе придонесе за зголемување на употребата на возила од ваков вид во нашиот регион“, рече во обраќањето министерот г-дин Изаири.
Истакна дека одговорниот однос кон животната средина, покрај другото, значи и иновативен пристап во употребата на нови технолошки решенија.
„Имајќи го предвид наведеното, сметам дека е потребно е да се преземат соодветни мерки за намалување на емисиите на загадувачките супстанци од секторот сообраќај. Би сакал уште и да истакнам дека Универзитетот за Југоисточна Европа, со технолошкиот парк како дел од него, е во чекор со светските иновации и дека како институција одговорна за зачувување на природните вредности и екосистемот е лидер во регионот“, заклучи министерот за животна средина
"Ова ќе биде вистински тест на издржливост на вакви возила. Инфраструктура и полначи, нема, ние треба да се прилагодиме на сите можни извори на електрична енергија долж патот. Од обичните приклучоци до индустриски приклучок во текот а еден ѕиден полнач носиме и со нас. Се надевам дека ќе бидеме во можност за да се поврземе и да демонстрираме како се одвива операцијата полнење "изјави г-дин Cvetojevic, сопственик на Тесла Модел С
Станицата за полнење ќе придонесе зголемување на употребата на возила од ваков вид во нашиот регион и за маркирање на зелената патека низ Балканот.