„First Technology Solutions“ една од компаниите-станари учествуваше на натпреварот The Pioneers of the Balkans кој се одржа паралелно со Belgrade Venture Forum од 12-14 Ноември, 2015
Повеќе од 400-тини регионални и иновативни претприемачи, инвеститори, говорници и меѓународни делегати зедоа учество на овогодинешниот настан кој се случуваше во белградскиот хотел Crown Plaza. Една од компаниите кои учествуваа со свој проект беше и компанијата од SEEUTechPark „Firsts Technology Solutions“ претставувана од Арменд Имери – Раководител за развој на софтвер.
Belgrade Venture Forum (BgVF) е регионален инвестициски форум посветен на промоција на претприемништвото, инвестициите, но и на иновативните компании и тимови. Како што се зголемува интересот на светските инвеститори во иновативните бизниси и технологии, така и Белградскиот форум стануваше се позначаен масовен настан на кој можеа да се сретнат сите оние кои се заинтересирани за подигање ризичен капитал, пронаоѓање инвестициски прилики или изнаоѓање на нови партнерства и вмрежувања.
„Настанот беше одлична прилика First Technology Solutions да го претстави својот иден модул на проект на кој неодамна работевме. Веќе имавме можност и да започнеме преговори со потенцијален сериозен Европски инвеститор.“ – истакна Арменд. „Од организациска гледна точка – форумот беше беспрекорно организиран настан. Се надевам дека и нашиот нов проект ќе го следи истата среќа.“ подвече Арменд.