Претставници на проектот POWER - "European Network of Women Mayors for Equal Opportunities in Citizens Life", го посетија УЈИЕ и SEEUTechPark
На 4ти Февруари 2016, во просториите на БДЦ Конференциската Сала, SEEUTechPark имаше огромно задоволство да оддржи кратка презентација за своето работење пред делегација на проектот POWER "European Network of Women Mayors for Equal Opportunities in Citizens Life", предводен од Градолначалничката на Општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи, и г-ѓа Ниал Мемети - Раководител на секторот за локален економски развој при општината.
Делегацијата која беше составена од претставници од повеќе европски региони и земји, вклучувајќи ги и претставниците на регионите на Полино-Италија, Суидад Реал-Шпанија, Благоевград- Бугарија и Лабин-Хрватска имаа прилика одблиску да се запознаат со работењето на УЈИЕ, за чие што претставување беше задолжен г-дин Ендрју Гудспид - Проректорот за академски прашања, како и за работата и резлултатите на SEEUTechPark, со посебен акцент во придонесот кон подобрувањето на бизнис-вештините на студентите, креирањето на нови иновативни компании и подобрување на локалниот економски развој.
Во рамките на оваа посета делегацијата имаше кратка тура низ кампусот, посетуваќи ги некои од позначајните центри на Универзитетот, каде директно и одблизу се запознаа со Технолошкиот Парк и подготовките околу StartUp Maratonot, StartUp Europe Week и услугите на Бизнис-Инкубаторот.
Посетата заврши со свечен полуформален ручек на сите присутни.