Отворен повик за Скопски автобуски хакатон
ЈСП Скопје ве повикува да учествувате на „Скопски автобуски хакатон“
ЈСП Скопје ве повикува да учествувате на „Скопски автобуски хакатон“ на кој ќе се изработува иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, треба да се пријавите на следниот линк: https://form.jotformeu.com/62343463356355?
Поднесувањето на електронски пријави започнува од 01.09.2016 година и ќе трае до 15.10.2016 година. Рокот за пријавување може да биде продолжен по одлука на организаторите. Хакатонот ќе трае 24 часа и ќе започне на 3 декември 2016 година (сабота) во 11:00 часот.
Хакатонот е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
Повеќе информации можете да најдете на: www.jsphakaton.mk