Нов успех: Универзитетот на Југоисточна Европа доби право за спроведување на стандардизираниот испит за познавање на англискиот јазик – TOEFL во Македонија
Во вторник, 12 февруари 2013 година, од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика и директорот на ЕТС Глобал (Educational Testing Service) од Албанија, д-р Инес Дика, се потпиша меморандум за спроведување на стандардизираниот испит за познавање на англискиот јазик – TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Овој испит за првпат ќе се организира во Р. Македонија, односно на Универзитетот на Југоисточна Европа.