1 февруари 2016

СтартАп Маратон в1.0

СтартАп Маратонот на SEEUTechPark е со намера да го поддржува растот на младите претприемачи и нивните идни претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка и инвестиции.

За кого е наменет?

СтартАп Маратонот е проект наменет за идните млади претприемачи – сопственици на микро и мали бизниси, со цел да им се овозможи пристап до нови знаења, експертиза и алатки за успех во бизнисот.

Кој може да аплицира?

Претприемачи/Претприемнички тимови на млади и студенти со сопствена иновативна бизни-идеја кои:
- Имаат за цел да започнат сопствен бизнис
- Желба и отвореност за нови знаења и идеи
- Способен и амбициозен претприемнички тим
- Подготвеност активно да партиципираат за учество во програмата
- Отварање минимум 2 нови работни места


Што вклучува програмата

I. ОБУКИ ЗА СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВИ БИЗНИС-ВЕШТИНИ
Шест (6), петчасовни попладневни тренинзи, во период од максимум два месеци. Обуките ќе бидат организирани секои неколку дена, почнувајќи начелно од 15 до 20 часот. Тренинзите се практични и се базираат на размена на искуства, знаења и идеи, помеѓу учесниците и гостите говорници (успешни претприемачи и менаџери) по пат на отворени дискусии, учејќи преку успехот или грешките на другите.

Теми:
1. Тим билдинг и претприемничко лидерство - Да се запознаете со останатите учесници во програмата, да научите да бидете подобри лидери и да си ги одговорите клучните прашања на кои секој претприемач треба да има одговор.
2. Бизнис планирање и буџетирање - Да ги користите бизнис планот и буџетот како корисни менаџерски алатки.
3. Финансии за претприемачи - Подобро разбирање и подобра употреба на финансиите, подобрување на финансиските операции во фирмата и зголемување на нејзината вредност.
4. Финансирање на развојот на Вашата компанија - Да се запознаете со различните извори на финансирање и обезбедување на капитал за раст и развој.
5. Ефективна и повторлива продажба и извоз - Да ги подобрите продажните техники, да научите како да ја повторувате продажбата кај постоечките клиенти и да се запознаете со различни извозни стратегии.
6. Ефективен маркетинг пристап - Подобро да го научите пазарот, како да го користите маркетингот ефикасно, да ги запознаете луѓето со вашиот производ и да ги мотивирате да го купат.

Секој млад претприемач вклучен во програмата ќе има можност да се сретне со бизнис професионалец. Професионалците и учесниците се одбираат врз основa на нивните деловни предизвици и полиња на интерес. На крајот на процесот секој учесник ќе добие сертификат за успешно завршување на програмата.

Кога и каде:
1 март, 2016 до 15 април, 2016
Прибл. 2-3 дена неделно, 3,5 часа дневно
Салата на конференција на BDC, Ректорат, кампус на УЈИЕ

Биди дел од овој маратон, со аплицирање преку линкот подолу:
https://docs.google.com/forms/d/1eV74HOI7L9sJ7xqQrZZX5NgJcN03Mr3oIpNVPMpL7fc/viewform

За дополнителни информации Ве молиме не двоумете се да не контактирате:
SEEUTechPark, ЈИЕ Кампус зграда бр. 700
+389 44 356 165
+389 44 356 167
techpark@seeu.edu.mk

Повеќе вести