24 мај 2013

Претставници од Јапонскиот развоен сервис го посетија УЈИЕ

Во среда (22. мај 2013), Кунихиро Кониши, директор на програмата за поддршка на јавното приватно партнерство во Јапонскиот развоен сервис (JDS www.jds21.com ) го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Тој се сретна со директорот на технолошкиот парк , доц.д-р Азир Алиу,директорот на Институтот за животна средина и здравје проф.д-р Муртезан Исмаили и проректорот за истражување и за меѓународни односи проф.д-р Блерим Река.

Директорот на технолошкиот парк , доц.д-р Азир Алиу го информираше г. Кониши за структурата, стратегијата и за плановите на Технолошкиот парк.

Директорот г. Кониши беше импресиониран од плановите и стратегијата на Технолошкиот парк и изрази посебен интерес за идната соработка, тој исто така покажа интерес за плановите на другите институти на УЈИЕ и можностите за соработка.

Проректорот Река се заблагодари на г.Кониши за неговата посета и истакна дека УЈИЕ е отворен за соработка во истражувањето и во другите области.