19 октомври 2017

WEDNESDAY TALK! Кафе со Инвеститори – SC Ventures

Компаниите – станари на SEEUTechPark ни се придружија на овомесечниот WednesdayTalk! настан кој се оддржа на 18ти Октомври во Конференциската сала на BDC.



Овојпат, темата беше со специјален фокус на инвестициските можности кои ги нудат компаниите кои работат со ризичен капитал. Ивана и Игор од South Central Ventures имаа можност да ја претстават токму нивната инвестициска стратегија и што точно бараат кај амбициозните стартап компании и иновативните тимови пред да се долучат да инвестираат во нив. Подоцна, претставниците на менаџментот од компаниите во Текнолошкиот Парк: Adaptive Scale, ID Real Media, Cheetah, Marseco, Develosity, Inspire11 и Sportisio накратко ги претсавија своите планови за производите и услугите на кои работаат, како и можностите за поголема бизнис екпанзија.

На самиот крај на настанот, учесниците имаа опуштен кафе-разговор проследен со прашања и отворени дискусии и од двете страни, резултирајќи и со подетални тет-а-тет средби.