26 февруари 2018

Работинлица: Дигитални градови

По неколкуте настани во Црна Гора и Обединетото Кралство, сите учесници на проектот “Дигитални градови“, меѓу кои и претставник на SEEUТechPark имаа можност да учествуваат на работилницата која се оддржа во во Мокрин, Србија од 21ви до 24ти Фебруари 2018г.

Интензивната тродневна програма беше фокусирана на развој на потребите на самите учесници при процесот на аплицирање.
Околу 40-тина учесници работеа заедно на имотот на „Mokrin House“ на северот на Србија, во првиот и најнапреден рурален-хаб во регионот, кој се покажа како совршено место за учесниците во оваа програма. Некои од темите на работилницата се однесуваа на: Дигителен менаџмент на продукти, Тимска култура, Блокчејн-технологија и Стратегиски маркетинг за дигитални бизниси.
Сите работилници, инфо-сесии и предавања беа спроведувани од професионлаци во индустријата со докажано меѓународно искуство во областите на дигитaлните и креативните индустрии. Учесниците исто така имаа шанса на тет-а-тет средби со предавачите во текот на сите денови.