30 октомври 2018

„Чекор По Чекор“ – акцелераторска програма за стартапи и социјални претпријатија

SEEUTechPark заедно со Sparkasse Bank – Македонија ви ја претставуват првата корпоративна акцелараторска програма #ЧекорПоЧекор наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Македонија.

Sparkasse Bank – Македонија и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) ќе ја имплементираат програмата „Чекор по чекор“ во соработка со SEEUTechPark, Social Impact Lab и Start Up Академијата преку имплементација на 8 различни образовни модули, кои ќе им овозможат на старт-ап бизнисите да разработат бизнис-план и со помош на финансиските средства да ја продолжат инвестициската активност или да го обезбедат потребниот фиксен работен капитал. Програмата за финансиска поддршка од 10.000 Евра е наменета за компании со историја на работење пократка од 12 месеци, и до 25.000 Евра за компании со историја на работење помеѓу 12 и 36 месеци.

За повеќе детали за програмата и условите за аплицирање може да се обратите во канцелариите на: SEEUTechPark (044/356-165, techpark@seeu.edu.mk) или на следниот линк: StepByStep Acceleration Program