21 февруари 2020

„Шпаркасе Банка Македонија“ го започнува вториот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси.

Шпаркасе Банка Македонија, во соработка со SEEUTechpark, Start Up Academy и Business Impact Lab и втора година по ред ќе го поддржи развојот на младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, кои имаат потреба од финансиска помош за понатамошен развој.

„Чекор по чекор“ е првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износ до 25.000 евра и понуда на пакети за образовна, финансиска и менторска поддршка.

Во првиот циклус интересот за учество во програмата пријавија повеќе од 50 учесници и беа доставени 23 бизнис-планови за проценка и одобрување од соодветната комисија во Банката. На крајот од програмата беа објавени првите 13 бизниси кои добија позитивна евалуација и кои со помош на средствата од кредитната линија продолжија да ги развиваат своите бизниси.

За повеќе детали за програмата и условите за аплицирање може да се обратите во канцелариите на: SEEUTechPark - 044/356-167 или techpark@seeu.edu.mk