22 јуни 2021

SEEUTechPark ќе ги поддржи е-Bionics во развојот на нов производ

Со помош на УНИЦЕФ – С. Македонија, SEEUTechPark ќе му помогне на младиот и просперитетен тим во развојот на нивниот нов производ - Venus Arm, кој цели кон интернационализација.

Еден многу надежен тим на млади луѓе кои го сочинуваат тимот на e-Bionics: Орхан, Тео, Анамарија и Борис се на работ да ја променат индустријата за 3-Д печатење на вештачки раце. Тие развиваат своја 3Д-отпечатена бионичка рака (електронска протеза), која работи преку мускулни сензори кои ги читаат мускулните импулси на подлактицата и е наменета за луѓе на кои им недостасува горниот екстремитет. Ова иновативно решение ќе им помогне на луѓето со вакви потреби во нивниот секојдневен живот, а неговата ниска цена, што ја прави прифатлива за сите на кои им е потребна, ќе значи дека дури и луѓето од помалку развиените земји ќе можат да си дозволат да имаат бионичка рака. Venus Arm ќе биде во различни големини, со надградувачки компоненти за деца или тинејџери, чии тела постојано се развиваат.

Преку 12-месечната програма за инкубација направена токму за нив, SEEUTechPark ќе го поддржи тимот кон нивниот пат до комерцијализација и освојување на нови пазари. Проектот е финансиски поддржан од GenUnlimited - УНИЦЕФ.