2 јуни 2022

CENTOUR Транснационален состанок

На 30-31 мај 2022 година, претставниците на Центарот за бизнис и иновации, Авни Арифи и Ѓорѓи Рафајловски, присуствуваа на дводневниот транснационален состанок во рамките на проектот CenTOUR- Циркуларна економија во туризмот, во Сантандер, Шпанија. Состанокот беше важен чекор кон развивање циркуларни стратегии за МСП.

Центарот за бизнис и иновации е дел од мултинационалниот проект кофинансиран од Европската комисија.