7 март 2023

„700 Accelerator“- Настанот за претселекција кој ги поврзува инвеститорите со иновативните стартапи

Во сабота, 4-ти март, SEEUTechPark организираше возбудлив настан за започнување на следната фаза од програмата „700 Accelerator“: „Pre-Selection Pitch“. Настанот обедини 17 надежни стартапи кои беа претходно избрани, секој со свои уникатни идеи и решенија за различни проблеми. Овие стартапи претставуваа широк спектар на индустрии, од финтех и е-трговија, па се до до здравствена технологија и решенија фокусирани на одржливост.

Стартапите имаа можност да ги претстават своите идеи пред панел од експерти, во кој беа вклучени инвеститори, бизнис ангели и лидери на компании. Тие поставуваа важни прашања и им дадоа вредни повратни информации на стартапите, нудејќи конструктивна критика и совети за да помогнат во усовршувањето на нивните идеи.

Еден од најважните моменти на настанот беше ентузијазмот што го покажаа присутните инвеститори. Многумина од нив уште од самиот почеток изразија начелен интерес за инвестиции, забележувајќи го квалитетот на презентираните идеи. Ова беше доказ за вредноста на програмата „700 Accelerator“, која дава единствена можност за стартапите да се поврзат со потенцијалните инвеститори и ментори во нашиот регион.