3 јуни 2014

Потпишуавње на спогодбата околу директните фоднови на ЕУ

На 2 јуни 2014, во ЈИЕУ Кампус Скопје беше потпишан конзорциумскиот договор за стратешка соработка за искористување на директните ЕУ фондови за периодот 2014-2020. Целта на овој договор е да се промовира меѓусекторската соработка за користење на директните ЕУ фондови достапни за лица во Република Македонија, а со цел да се зголеми промоцијата, иновацијата и конкуренцијата во малите и средните претпријатија.

Соработката помеѓу академскиот, приватниот, невладиниот и јавниот сектор, со поддршка од странски партнерски организации има цел дапридонесе кон нови вработувања, зајакнување на претприемничкиот еко-систем во земјата и поврзување со странски партнери од земјитечленки на ЕУ во насока на освојување на нови пазари и пласирање на нашите производи на заедничкиот ЕУ пазар.

Стратешката соработка се склучува за периодот 2014-2020 година за кои се предвидени и активности и апликации на директните ЕУ програми:

1) Рамковна програма за истражување и иновации (HORIZON2020) со буџет од 80 милијарди евра и

2) Програмата за поддршка на мали и средни претпријатија (COSME2014-2020) со буџет од 2,7 милијарди евра.

Македонскиот конзорциум го сочинуват: Универзитетот на Југоисточна Европа, ЕМКИЦЕ - Центарот за ЕУ фондови и Иновации и Македонската Бизнис Ангел Мрежа (MBAN), SEEUTechPark, Општина Тетово, Општина Гази Баба, Централниот регистар на Република Македонија, Агенцијаза поттикнување на развојот во земјоделието во РМ, Њу Менс Бизнис Акцелераторот, Илумине-Центар за развој на ИКТ во образованието, Институтот за животна средина и здравје и Отворени забавни фудбалски школи на РМ.

Странски партнери и поддржувачи се: Европската мрежа на бизнис ангели – (EBAN), Европската мрежа на Бизнис и иновациски центри -(EBN), Ирската мрежа на бизнис и иновациски центри - (WestBIC), Европскиот Бизнис Акцелератор – (EU-Start Up Business Accelerator) иплатформата за иновации фондацијата (Finnovaregio) од Валенсија, Шпанија.