24 октомври 2014

Европската недела на кодирање 2014

На 24 октомври, 2014 во кампусот на ЈИЕУ во Тетово, како дел од Европската недела на кодирање 2014 се одржа обука за развој на мобилни апликации и иновативни ИКТ алатки, која беше наменета за средношколци, нивните родители и постарите лица.

Во присуство на голем број ученици од средните училишта се одржа обука за развој на мобилни апликации и иновативни ИКТ алатки каде што студентите можеа да се слушнат со неколку познавања за новите технологии во ИКТ секторот и дискутира за проблемите и методите за тоа како да ги решат нив.

Со овој настан Република Македонија официјално учествува на Европската недела на кодирање “Europe Code Week 2014” интернационален настан кој се одржува во сите европски држави, поддржан од Европската Комисија.

Целта на овој проект е да ги поттикне младите помасовно да ги користат ИКТ вештините, да придонесе кон развојот на информатичката технологија преку развивање и надоградување на ИТ вештините кај младите.