27 јануари 2016

SuperFounders Open Day

SuperFounders Open Day е целодневен настан во организација на акцелераторот SuperFounders што ќе се одржи на 15.02.2016 на Скопски Саем со почеток во 9 часот.

Настанот е посветен на сите студенти, баратели на работа и стартапи. Доколку барате работа, имате потреба од зголемување на вашиот тим или пак сакате да добиете совети и насоки за почнување на сопствен бизнис - ова е вистинскиот настан за вас! Пријавете се на: http://bit.ly/1PILF1D

Во главниот фокус на SuperFounders Open Day ќе биде Саемот за стартап кариера на кој дел од актуелните македонски стартап фирми ќе ги отворат своите врати за вработување на кадар од различни профили. Работењето во стартап фирма носи доста предности, меѓу кои проширено знаење и вештини во повеќе области, брз напредок во кариерата, интернационално поврзување, можност за станување партнер со основачот и многу други.

Покрај можноста за градење на возбудлива кариера во креативна и иновативна средина, програмата на самиот настан нуди и ексклузивни говори и панел дискусии на активни бизнис ангели на глобално ниво кои ќе дадат свој личен осврт на локалните предизвици во однос на глобалните трендови во светот на иновациите.

Нацрт програмата ги содржи следните теми од аспект на иновациската индустрија:

- Тимска култура
- Правни и економски аспекти на работење во стартап
- Презентации на македонски стартапи со нивната визија и предности
- Преглед на иновациската индустрија од аспект на вработен
- Култура на иновации и креативност


Исто така, присутните ќе добијат и корисни насоки за патот на добрата идеја од концепт до успешна интернационална реализација преку акцелераторската програма на SuperFounders, во чии рамки се организира и регионално етаблираниот Balkan Venture Forum.

Специјални гости:

- Petrus Theunisz, International Team Leader at NIRAS Development Consulting (https://www.linkedin.com/in/petrustheunisz)
- Suresh Patel, International Senior Advisor at VERDEXUS (https://www.linkedin.com/in/1sureshpatel)

По овој повод, отворено се повикуваат:

- Сите лица во потрага по работа кои поседуваат ентузијазам да работат во иновативни компании да ја искористат оваа шанса за лично запознавање со своите потенцијални работодавци и директно информирање за придобивките и условите на отворените работни позиции. Ова претставува одлична можност за сите студенти кои бараат начин да го реализираат својот потенцијал и да се здобијат со квалитетно искуство во динамична работна средина во постојан чекор со најновите трендови во различни области. Линк за пријавување: http://www.eventbrite.com/e/superfounders-open-day-tickets-20812750497
- Сите македонски стартап компании кои имаат потреба од зголемување на својот тим или информирање за најновите трендови и очекувања во Балканскиот екосистем за 2016. SuperFounders Open Day ви овозможува промовирање на вашата дејност пред целата македонска јавност и учество во дискусии на актуелни теми поврзани со технологијата и иновациите во Македонија. Линк за пријавување: http://www.eventbrite.com/e/superfounders-open-day-tickets-20812750497
- Сите заинтересирани за основање на своја сопствена стартап компанија кои ќе можат лично да се запознаат со основачот на SuperFounders и притоа да добијат корисни информации за самиот процес, но и да се пријават за учество во претстојната Start акцелераторската програма за 2016. Линк за пријавување: http://www.eventbrite.com/e/superfounders-open-day-tickets-20812750497

Доколку сте заинтересирани за соработка, спонзорство или партнерство дополнително можете да се обратите на: nj@superfounders.com

Разбудете ја вашата креативност и реализирајте го својот потенцијал градејќи стартап кариера. Ве очекуваме!

Повеќе вести