21 септември 2016

„Скопски автобуски хакатон“ & „Од код – до производ“

SEEUTechPark со гордост ви претставува два нови настани наменети за студентите на УЈИЕ. Настаните се поврзани со студентската пракса и бизнис-можности кои ќе се одржат во кампусот на УЈИЕ на 28 Септември, и тоа:

1. „Скопски автобуски хакатон“ - на кој ќе се изработува иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер.

2. “Од код до производ“– јавен конкурс од Solveo во развојот на дизајн и бренд стратегија за лансирање на нов дигитален производ за компанијата DoxTeam. Сите заинтересирани студенти можат да дојдат на инфо-средба во Среда, 28ми Септември во училницата 816.02, почнувајќи во 10:00 часот.

За повеќе информации може да се обратите до канцеларијата на SEEUTechPark.

Повеќе вести