ЕДЕН ЧАС КОДИРАЊЕ ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК
На 7ми Декември, 2016 година во кампусот на УЈИЕ во Тетово, како дел од "Часот на Кодирањето 2016" се одржа настанот "Еден час кодирање за секој ученик".
Традиционално, секоја година во првата недела од Декември, милиони млади од сите возрасти ширум светот имаат можност да поминат еден час учење компјутерски кодови. Овој проект е наменет пред се на младата школска популација, а се со цел да се демистифицира процесот на кодирање и да се докаже дека секој може да ги научи основите на кодирањето.
Дел од овој глобален настан беше по трет пат и SEEUTechPark, каде оваа година дел од нашите гости беа мотивираните млади ученици од основните училишта „Кирил И Методиј“ и „Истикбал“ од Тетово. Можноста да ги научат основните концепти на програмирањето, и забавната страна на истото им беше пренесена од страна на Д-р. Артан Љума.
Учесниците активно работеа еден час на основите на компјутерски кодови, креирањето на ‘смартфон’ апликации и истражување на различните начини како компјутерската технологија може да влијае врз нивните секојдневни животи.