SEEUTechPark учествуваше на работилница за улогата на Научно-технолошките Паркови и Инкубатори во иноватвните еко-системи
На 23-24 Мај 2017 SEEUTechPark активно учествуваше на дводневната конференциска работилница организирана во рамките на проектите за трансфер на технологии и промоција на иновативноста, со посебен фокус на Дунавскиот и Јадранско-Јонскиот макро-регион и земјите од Западниот Балкан наменет за Научно-технолошките Паркови и Инкубаторите од овие земји.
Главен фокус на работилницата беше ставен на размената на позитувните практики за развој и менаџирање на Научно-технолошките Паркови (НТП) и Инкубаторите од земјите на Југоисточна Европа.
Целите на конференцијата се движеа во насоките на размена на искуства од страна научесниците и практичарите за улогата која Научно-технолошките Паркови и Инкубаторите ја имаа во креирањето на вредност во иновативните национални еко-системи.
Во тој контекст, се анализираа и моделите на НТП од аспект на нивното финансирање и раководење. Тоа ги вклучува и сите засегнати страни во целиот тој процес, било да се тоа јавните и приватните (индустријата, академската заедница, владините тела, инвеститорите и сл.) чинители кои ја имаат улогата на забрзувачи на локалните економски иницијативи и катализатори на регионалниот развој.
Примарен акцент беше ставен и на разгледување на најдобрите практики кои произлегуваат од работењето на овие институции во специфичното регионално опкружување на југо-источна европа.
Практичниот дел на оваа конференциска работилница се оддржа во просториите на „Ноесис – Солунскиот Научен Центар и Технолошки Музеј“.