Wednesday Talk! со Michael Boland за Blockchain и Дигиталните Валути
На 8 ноември 2017 година, се одржа следната сесија на Wednesday Talk во кампусот на УЈИЕ во Скопје, каде што пред широка публика имавме чест да имаме презентација од страна на Michael Boland - дизајнер и цивил текнолог од Чикаго #SwissEp претприемач во посета.
Тема на овој настан беше Blockchain и Cryptocurrencies која започна со вовед за дигиталната валута. Michael Boland беше фокусиран во важноста на Биткоинот, неговата практична страна и импликацијата за подобро развивање во иднината. Одржаниот настан имаше цел да ја поттикне свесноста на Биткоин кој овозможува ниска тарифа на трансакцијата за разлика од традиционалниот меканизам на онлајн плаќање кој е контролиран од децентрализиран авторитет, различно од валутата која е контролирана од владата.
Избраната тема поттикна голем интерес кај учесниците што се примети од различните прашања кои беа поставени на крајот на настанот. Оваа заинтересираност дојде како резултат од големото влијание на Биткоин во интернетот.