15 март 2018

WEDNЕSDAY TALK! СО МACEDONIA 2025 ЗА БИЗНИС И ЕДУКАТИВНИТЕ МОЖНОСТИ СО ДИЈАСПОРАТА

На 14 март 2018 година, се одржа редовната сесија на Wednesday Talk! во кампусот на УЈИЕ во Тетово, каде што пред одбрана публика од компании од Тетово и SEEUTechPark-от беа претставени програмските можности на Macedonia2025.

Овој настан имаше за цел да ја претстават организацијата, и да ги промовираат активностите и образовни програми на Macedonia2025, како и да ги поврзат бизнис професионалците со претставниците на дијаспората преку можности за заедничка соработка.
Воедно, настанот беше искористен и за промоција на „Самитот на Македонија2025“ кој е најголемиот настан од овој вид во Македонија и регионот. МК2025 Самитот е динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, лидерството и иновациите. Следејќи го трендот на претходните години, и оваа година очекувани се повеќе од 40 панелисти, врвни експерти и високо рангирани регионални и глобални лидери.
Wednesday Talk! настанот заврши со неформална дружба и освежување со учесниците.