13 септември 2018

„Центарот за бизнис и иновација – БИЦ“ стана член на МАСИТ

На 11ти Септември 2018г. Центарот за бизнис и иновации - БИЦ стана најновата придружна членка на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ

Комората е основана како асоцијација, во 2000 година, на иницијатива од најдобрите 15 македонски ИКТ компании како дел од Стопанската комора на Македонија. Во Април 2007, на Годишното собрание на МАСИТ беше усвоена правната трансформација на МАСИТ од Асоциација стана Комора.

Денес МАСИТ е гласот на Македонската ИКТ индустрија. Комората ги претставува компании од сите ИКТ сектори вклучувајки: софтверски компании и компании за ИТ услуги, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании, како и тренинг провајдери и ИКТ консултантски компании.

Се очекува членството на БИЦ во МАСИТ ќе овозможи продлабочување на досегашната соработка со досегашните членките на комората, активно учество во меѓународните иницијативи, како и помагање на македонската ИТ индустрија.