ЕБОР во посета на SEEUTechPark
Во петокот, на 22 февруари 2019 година, претставници на канцеларијата на ЕБОР - Северна Македонија беа во посета на SEEUTechPark и некои од нејзините станари.
Состанокот со претставниците на ЕБОР беше фокусиран на новата регионална "Star venture Program" која обезбедува деловни совети за регионалните акцелератори и стартапи преку мешавина на практични работилници, средби со меѓународни ментори и локални консултанти, како и потенцијални инвеститори во текот на период од четири години.
Претставниците од SEEUTechPark го претставија успешниот ‘троен-хеликс’ систем кој им помага на стартапите во поттикнувањето претприемничка култура меѓу Универзитетот, истражувачите, и студентите, како и комерцијализацијата на технолошките истражувања. Во овој контекст, претставниците на Технолошкиот Парк изразија подготвеност за тесна соработка со ЕБРД во развојот на националниот старт-ап екосистем, со досегашната континуирана поддршка на т.н. стартап и спиноф компании.
Оваа програма е во согласност со Стратегијата за економско вклучување на ЕБОР, и особено ги поддржува клучните области како: Младинското претприемништво, Родовата еднаквост и инклузија, Пристап до вештини и обуки, како и Пристап до финансии.