SEEUTechPark e партнер на PowerUP – бесплатна програма за иновативни мали и средни претпријатија и startup компании
SEEUTechPark e горд партнер на програмата PowerUP што го иницира Светска Банка, финансирана од Европска Унија во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од Западен Балкан (WB EDIF), и предводена од глобалната консултантска компанија Deloitte.
• Дали сте иновативна компанија која е во потрага по нови начини за зголемување на базата на клиенти или унапредување на својот бизнис модел?
• Сакате да остварите видливи резултати во краток рок, да изградите отпорност и да продолжите со успешно работење во „новото нормално“ и по пандемијата на Ковид-19?
• Размислувате за надворешно финансирање или сакате својата компанија да на направите привлечна за инвеститори?
Ако вашиот одговор е да, топло ви препорачуваме да се пријавите на програмата PowerUP.
Повеќе од 200 компании кои ќе бидат избрани за учество во оваа програма ќе добијат бесплатна професионална поддршка и обука за понатамошен развој на работењето насочено кон јакнење на отпорноста на кризата предизвикана со пандемијата на Ковид-19 и зголемување на способноста за привлекување на инвестиции. Програмата пружа значајно практично знаење и создава предуслови за остварување на видливи резултати во краток рок, и се фокусира на купувачи и пазари, финансиска успешност, брендирање и вештини за презентирање - pitching.
Програмата е предвидена да трае од октомври 2020 година до февруари 2021 година.
Околу 100 компании со најдобри резултати во текот на програмата ќе бидат повикани во март 2021 година да се натпреваруваат во „Финале на PowerUP“ на атрактивна локација на подрачјето на Западен Балкан, и да го претстави своето работење пред ексклузивно поканети инвеститори и бизнис лидери. Трите најуспешни компании од финалето на PowerUP ќе добијат „Награда за одлични претприемнички вештини во Западен Балкан“ за различни категории, како и ексклузивна, посебно прилагодена советодавна поддршка од локални и регионални од глобалната компанија за пружање на професионални услуги Deloitte.
Сите компании кои ќе бидат избрани за учество во финалето на програмата ќе добијат значајна експонираност и признанија, и ќе бидат промовирани преку локални и регионални медиуми.
Компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми: да бидат од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, да бидат иновативни, да работат најмалку една година, да имаат меѓу 3-100 вработени, и да нудат производ или услуга која носи приход од најмалку еден пазар.
Рокот за пријавување е 30 септември 2020 година. Дознајте повеќе и пријавете се на: www.deloitte.com/mk/powerup