SEEUTechPark учествуваше во активностите во организација на „Junior Achievement“
Организацијата „Junior Achievement“ со поддршка на „УСАИД“ и „ФИТР“ организираше натпревар за средношколците по економски науки од училиштето „8-ми Септември“ за да ги поттикнат нивните претприемачки вештини во бизнисот, каде што SEEUTechPark беше поканет да им помогнеме на студентите во креирањето на Бизнис План.
Тимот на SEEUTechPark предводен од Блерина Зендели им помогна на студентите да состават бизнис план, да генерираат бизнис идеја, да промовираат и создадат претприемничка култура кај студентите, и да видат како ќе помогнат во ефикасно користење на електричната енергија. Целта на оваа кативнот беше - како да се намали количината на енергија што ви е потребна за живеење, какви активности ќе преземат за да и помогнат на својата земја во моментот кога С.Македонија се соочува со енергетска криза и сериозен недостиг на електрична енергија.
Многу сме среќни што им помогнавме на младите да креираат вистински бизнис план, и што имавме шанса да ги вклучиме во реалните бизнис можности.