20 декември 2013

Wednesday TALK!

На 18 декември, 2013 година се одржа првата панел дискусија организирана од SEEUTechPark . Wednesday TALK! е дизајниран со цел да им обезбеди можност на студентите и секој кој сака да присуствува, да слушнат мислење од реномирани предавачи и да водат дискусија во врска со одредена информација, тема или да споделуваат лични искуства и ставови.

Wednesday TALK! започна со говорот од страна на оперативниот директор,г. Едмонд Етеми , кој меѓу другото изјави: " Технолошките паркови денес играат главна улога во развојот на економијата на една земја, преку стимулација на нови start-up компании , создавање на синергија меѓу компаниите и поттикнување на раст на постоечките МСП ( мали и средни претпријатија) што на долг рок обезбедува нови можности за работа. ". Во својот говор г-дин Етеми го нагласи значењето на научно / технолошките паркови но главниот фокус на презентацијата беше ставен на SEEUTechPark , неговито значење, придобивките за земјата, регионот и студентите.


Вториот говорник беше г. Зеки Јосуфоски, коосновач на Bridge Technology, компанија која е една од првите станари во SEEUTechPark . Тој ги елаборираше причините поради кои одбра да биде дел од SEEUTechPark , придобивките , значењето и важноста на институцијата за еден млад претприемач и нова компанија како неговата .


Норберт Маркс, советник за двојни студиски програми ја затвори првата панел дискусија. Тој во својот говор накратко ја објасни новата интегрирана студиска програма која се нуди во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа .