28 март 2014

Wednesday TALK! #3

На 26 март,2014 по трет пат се одржа панел дискусијaта, Wenesday Talk под покровителство на SEEUTechPark. Дискусијата покри тема за тоа како Бизнис инкубаторите и Бизнис Стартап центирите може да помогнат при трансформирањето на бизнис идеи во реални и профитабилни бизниси

Активно учество на оваа панел дискусија зедоа Сузана Трајковска Кочанковска која е Менаџер на Бизнис Инкубаторот во Битола, Деан Стојановски како Асистент на проект-и - Фондација БСЦ Битола и Игор Мишевски, CEO - Nova Solutions, Digital marketing agency. Игор Мишевски како успешен бизнисмен го претстави начинот на кој функционира неговата компанија и како стартап центарот во Битола му овозможил да ја реализира неговата првична идеа и да изгради профитабилна компанија.


На презентацијата се укажа на важноста на Бизнис Стартап центрите и инкубаторите кои придонесеуваат за поголем економски развој во земјата, примарно преку промовирање на претприемништвото таргетирајќи ги МСП. Се потенцираше на тоа дека инкубаторот ги поддржува сите потенцијални претприемачи за основање или понатамошен развој на нивните бизниси истовремено пружајќи им можност на фирмите кои се во него да работат на едно место, односно да делат заеднички простор и да споделуваат искуства на нов и оргинален начин.


Презентацијата на сите говорници беше проследена со големо внимание и заврши со сесија од прашања и одговори и споделување на искуства.