ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2016 – СОСТАНОК НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР
На 17ти Ноември 2016, во просториите на SEEUTechPark се оддржа вториот состанок на Извршниот Одбор на кој се презентираше и годишниот извештај за работењето на Технолошкиот Парк.
Финалниот годишен извештај на SEEUTechPark беше презнтиран пред Извршниот Одбор, вклучувајќи ги сите настани, активности, постигнати цели и финансики остварувања за превземените оперативни насоки. Покрај ова, состанокот беше одлична можност за менаџментот изворно да ги презентира досегашните превземени чекори за тековната 2016 година, како и идните планови за 2017 година, притоа поднесувајќи ги и завршните финансиски извештаи на Технолошкиот Парк. Беа споделени и разменети мислења за позитивните практики на идните оперативни и партнерски можности на SEEUTechPark.
На состанокот воедно, со едногласна одлука на присутните Д-р. Вероника Карева беше реизбрана за Претседател, а Д-р. Денис Фарингтон беше реизбран за Потпретседател на Извршниот Одбор на Директори. Едногласно беа реизбрани и членовите на Советодавниот Одбор во состав: Ректорот на УЈИЕ, Проф. Д-р. Замир Дика, г-дин Џеваир Мемеди, и г-дин Бесник Џеладини.
SEEUTechPark доби одлични оценки за постигнатите резултати од страна на Одборот.