1 декември 2022

700 Accelerator – Повик за стартапи

Добијте 100 дена: обуки + менторство + инвестиции и подигнете го вашиот технолошки, дигитален или кружен стартап на следното ниво!

Ако сте технолошки ориентиран стартап во seed или pre-seed фаза, оваа програма ќе ви понуди прилагодено финансирање, обука, менторство и пристап до партнерски мрежи за раст на вашиот стартап.

100-дневната програма за раст е дизајнирана да ги води, тренира и развива амбициозните технолошки претприемачи во раните фази и ефективно да ги забрза нивните технолошки потфати. 700 Accelerator дополнително ќе ги развива избраните претприемачи, ќе го забрза процесот на дефинирање на докажан бизнис-модел заснован на поставена методологија и збир на најдобри практики за брзорастечки стартапи.

Секоја група од избрани 6-10 стартапи ќе добие посветен ментор за целокупниот процес и пристап до широка мрежа на меѓународни ментори.

Ќе коинвестираме до 40 илјади евра по стартап, заедно со надворешни инвеститори од национални и меѓународни бизнис ангели, приватни инвеститори, VC и корпорации.

Нашиот фокус ќе е примарно на жените, младите до 40 години и ранливите групи кои ќе имаат своја економска активност и отворени нови работни места во Полошкиот регион.

Аплицирајте до 15 јануари 2023 година на овој линк или закажете состанок на: techpark@seeu.edu.mk

Можете да аплицирате со пополнување на апликацијата на линкот: Кликнете тука
Повеќе информации за повикот може да најдете на линкот: : Кликнете тука


Ќе се одржат две инфо сесии за овој повик. Прва информативна сесија:
• Датум: 14.12.2022
• Формат: онлајн формат
• Време: 14:00 -15:00 часот.
• Zoom Линк: Кликнете тука


Втора инфо сесија: 23.12.2022
• Датум: 23.12.2022 г
• Време: 11:00 -13:00 часот.
• Локација: Конференциска сала на УЈИЕ, Зграда на Ректоратот