20 ноември 2015

МЕНАЏЕРИ – КООРДИНАТОРИ НА РАЗВОЈНИ БИЗНИС ПЛАНОВИ

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи - („Службен весник на РМ”, бр.145/2014 – пречистен текст), а во согласност со Програмата за работни места и вработувања, Конзорциумот „ИНОВАТОР 2013” распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

За работно ангажирање и вработување на:
МЕНАЏЕРИ – КООРДИНАТОРИ НА РАЗВОЈНИ БИЗНИС ПЛАНОВИ

Покрај тоа што треба да ги исполнат општите услови предвидени со Законот за работните односи, кандидатите нужно е да се едуцираат и стручно оспособат.
Едукацијата и стручното оспособување на кандидатите се неопходни за успешно и квалитетно извршување на стручно-консултантските и менаџерските работни задачи, во траење од еден до три месеци и ќе се реализираат во Велес, по што кандидатите редовно ќе бидат вработени.
За извршените услуги од едукацијата и стручното оспособување, секој од кандидатите треба да плати надомест во износ од 21.000 денари. Плаќањето може да се изврши во готово или пак на една до три месечни рати. Доколку плаќањето е во готово, заинтересираниот кандидат е должен тоа да го стори со уплаќање на вкупната сума на жиро – сметката на АКЦЕЛЕРАТОР ИНОВАТОР 2013”. Доколку плаќањето се врши на рати, првата месечна рата, во износ од 7.000 денари, заинтересираниот кандидат е должен да ја плати најдоцна до денот на почетокот на едукацијата и стручното оспособување, со седум дена толеранција, а преостанатите рати во истиот износ во рамки на претстојните месеци. За точниот датум на почеток на едукацијата и стручното оспособување, кандидатите ќе бидат дополнително информирани.
Потребни квалификации:
- Вид на образование: 22 дипл. економисти, 6 дипл. правници, 5 дипл. педагози, 7 дипл. филозофи, 14 дипл. технолози, 9 дипл. агрономи, 2 дипл. информатичари, 3 дипл. електромашински инжинери и 2 дипл. новинари, а останатите 22 лица треба да бидат со ССС, од кои 13 со завршено гимназиско образование, 3 економски техничари, 3 хемиско-технолошки техничари, 2 машински техничари и 1 електротехничар.
- Со или без работно искуство.
- Други професионални квалификации, способности и вештини кои треба да ги поседува кандидатот: активно познавање на англиски и/или друг светски јазик, познавање на работа со компјутер, одлични раководни способности, комуникативност, самоиницијативност, чесност и лојалност, способност за тимска работа и организациски вештини.
Работниот однос се заснова со полно работно време во траење од 40 часа неделно, кое е рамномерно распоредено во 5 работни дена во неделата со по 8 часа дневно работно време и започнува во 8:00, а завршува во 16:00 часот.
Основната месечна нето плата се определува врз основа на придонесите и постигнатите резултати од работата, при што нејзиниот износ не може да биде понизок од 18.000 денари.
Заинтересираните кандидати да се пријават во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.
Изборот на кандидатите ќе се изврши не подолго од еден месец од денот на завршувањето на јавниот оглас, односно согласно член 23 став 2 од ЗРО.
Молбите со потребната документација: CV, мотивационо писмо и уверение (диплома) за завршено образование, кандидатите да ја достават на e - mail адресата: akcelerator.inovator2013@gmail.com.
Со кандидатите кои доставиле уредна документација ќе биде спроведен информативен разговор за кој ќе бидат писмено известени.

Лице за контакт: Марија Стајиќ.
Контакт - телефон: 071 – 518 - 155.

Некомплетните и неблаговремено доставени документи нема да се разгледуваат.

АКЦЕЛЕРАТОР ,,ИНОВАТОР 2013,, КОНЗОРЦИУМ „ИНОВАТОР 2013”