19 јуни 2018

Прв состанок помеѓу Центарот за Бизнис и Иновации и LCC менаџментот и професорите

Вчера на 18 јуни 2018 година се одржа средба меѓу претставници на Центарот за Bизнис и Iновации и менаџментот и професорите на Факултетот за јазици, култури и комуникација.

Целта на овој состанок беше објаснување на процедурите за акредитација на "Доживотно учење" на "Центарот за бизнис и иновации" за јазични курсеви, како што се: англиски, македонски, албански и германски. Тимот ќе започне да ги гради програмите и курикулите, ќе дефинира часови по модул / сертификација и целните групи: студенти, институции итн. Локациите што ќе бидат покриени ќе бидат: Тетово, Гостивар и Скопје.