10 декември 2018

Организациска работилница за Том Менаџментот на Kipper маркети

Во Петокот, 07.12.2018 „Бизнис и Иноватвниот Центар“ (БИЦ) успешно ја спроведе првата организациска работолница наменета за Топ Менаџментот на Kipper маркетите, одржана во комапниските простории. Проектот кој започна пред 3 месеци, својата прва фаза ќе ја заврши на 18 Декември 2018.

Целта на овој проект беше да се скенира постоечката организациска структура на Kipper, и да се постават темелите за долгорочниот раст на компанијата на секое ниво. Покрај анализирање на перформансите на организациската струкура, консултантскиот тим имаше задача точно и прецизно да ги утврди процесите на: системите за достава, контрола на квалитетот, продажните перформанси, конкурентската предност, како и специјално дизајнирани и уникатни клучни показатели.

Овој проект беше спроведен во партнерство со Михаил Китановски од D2M Consulting, кој има 16-годишно искуство во индустријата, и Ѓорѓи Рафајловски од Центарот за Развој на Бизниси (ЦРБ) при Унверзитетот на ЈИЕ.