11 април 2019

Програмата DigiGirlz на Microsoft и ова година пристигна во SEEUTechPark во Тетово

На 10 април 2019 година, SEEUTechPark беше домаќин на светскиот настан "DigiGirlz" чија цел е поттикнување, инспирација и поддршка на секоја девојка која сака да биде дел од ИТ светот.

Оваа програма им овозможува на девојките да се запознаат со технологијата и бизнисот, преку поддршка на нивните желби и демонстрирање на моќта на она што можат да станат во иднина, но развој и на нивната локална заедница. Со учеството во програмата DigiGirlz, младите девојки можат да се запознаат со бројните можности кои се наоѓаат во технолошката индустрија, и да ги разгледаат нивните идни кариерни патеки.

Во овогодинешната програма DigiGirlz во Тетово Проф. Д-р Вероника Карева - Извршен советник за обезбедување на квалитет, Д-р Инж. Лејла Абази Беџети – Директор на Докторската школа и Проф. Д-р Бесник Селими – В.Д. Декан на ИКТ Факултетот, како претставници на академијата, и Флорина Асани и Бора Даути кои ја претставуваат компанијата „Inspire 11“ - станар на Технолошкиот Парк од бизнис секторот, беа среќни да мотивираат повеќе од 70 средношколки од различни струки во доближување на технолошкиот свет.

На крајот, девојките од средните училишта го посетија SEEUTechPark, научија како им помагаме на младите претприемачи да ги развиваат своите технолошки бизниси, и имаа можност да ги искусат програмите на Виртуелната Реалност, како можност за кариерна професија од иднината.